| четврток, 6 декември 2018 |

САД од утре воведува нови безбедносни правила на летовите

Нови построги правила на сите летови кон САД ќе почнат да се применуваат в четврток, меѓутоа, нема да биде забрането да се внесуваат лаптопи во авионските кабини.

Авиокомпаниите го контактирале „Ројтерс“ и соопштиле дека новите мерки, меѓу кои би можеле да се најдат и кратки безбедносни интервјуа со патниците, ќе почнат в четврток.

Со мерките ќе бидат опфатени 325.000 патници, од околу 2.000 лета што дневно пристигнуваат во САД, од 180 авиокомпании од 105 земји.

САД ги најавија мерките во јуни поради прекин на забраната за внесување електронски уреди во авионите од 10 аеродроми во осум држави од Блискиот Исток и од Северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top