| четврток, 6 декември 2018 |

Десетмина конкуренти за едно работно место

македонски шуми апликации15 600 пријави пристигнале по огласот за вработување на најзагрозените категории. Огласот почна на 22 мај, а завршува следната недела до кога се очекува да пристигнат дури 30 илјади пријави. Но, со акцијата може да се опфатат само 1600 лица.

Според Жарко Караџоски од Македонски шуми, каде ќе бидат вработени сите 1600 лица вели дека дневно стигаат по 1200 до 1300 апликации по пошта, додека околу 300 до 400 лично поднесуваат документи. Сите примени ќе бидат на местата помошнивци-работници, референти, соработници или советници.

-Средствата се обезбедени со ребаланс на буџетот на ЈП Македонски шуми. Трите  милиони евра разлика до сега биле давани за надворешни извершители, приватни компании кои преку тендери ја работеле основната дејност на претпријатието, додава Караџоски.

Според министерот за труд Диме Спасов на форумот за овој проект пренесе дека се одвоени 554 милиони денари за мерки за вработување, како за обуки така и за почнување свој бизнис, но проблемот со вработувањето постои е тежок секаде. Младите, додава, не треба да очекуваат дека само системот би им обезбедил работа.

– Треба да се посветат на  обучување, образование и дополнителни способности и да се размислува во насока како да се развие мал бизнис, додава Спасов.

На форумот, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски упати апел до младите да се пријават на огласите за практиканство и за обука кај познат работодавач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top