| четврток, 6 декември 2018 |

Водата во Тетово со непријатен вкус и мирис -се препорачува користење на флаширана додека се прават анализи

Водата во Тетово веќе неколку денови е со непријатен мирис и вкус, реагираат граѓаните. Велат дека превентивно користат флаширана вода,некои веќе и се жалат на стомачни тегоби.

Во ЦЈЗ пак, иако ги потврдуваат промените во вкусот и мирисот на водата, сепак, смируваат. Досегашните резултати од анализите велат, не покажуваат промени ниту микробиолошки, ниту физичко-хемиски. И според првичните резултати направени во скопската референтна лабораторија, водата е исправна за пиење. Конечните и последни резултати сеуште се чекаат.

На што се должи оваа промена на квалитетот на водата, подетално дополнително ќе се испитува.Засега се отфрла како причина некој поголем дефект на мрежата или градежни работи, кои би довеле до евентуално загдување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top