| четврток, 6 декември 2018 |

Захариев: Во наредните 4 години претстои уште поголем интензивен развој на градот и останатите населени места во Штип

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев, соопшти дека привршува изградбата на обиколницата од населбата Сењак до булеварот „Гоце Делчев“.

– Жителите на населбите „Баби“, Сењак“, „Дузлак“ ќе се возат по оваа обиколница кон индустрсиката зона и обратно, ќе се патува побрзо, ќе се штеди и ќе го растовариме комплетно сообраќајот во населбата „8-ми Ноември, рече Захариев денеска на прес-конференција.

Тој истакна дека напролет продолжува изградбата на обиколницата од населбата Пребег до градската бања „Кежовица“ со што Штип ќе добие современ спа-центар, но и ќе има нов влез и излез кон регионалните патни правци кон Радовиш и Струмица.

– Имаме уште едно одлично решение – поврзување на населбата „Балканска“ со населбата „Баби“, каде ќе се изгради нов мост на реката Брегалница. Тоа ќе значи целосно и дополнително растоварување на сообраќајот и олеснување на животот на жителите од населбите „Баби“ и „Балканска“, напомена Захариев.

Според него, во наредните четири години претстои уште поголем интензивен развој на градот и на останатите населени места во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top