Преку неформалното образование на возрасни, секој поединец може да се доусовршува, пре- и доквалификува и со тоа да ја зголемува својата конкурентност на пазарот на труд. Од друга страна пак, на пазарот на труд му е неопходна брза продукција на квалификуван кадар во согласност со тековните потреби е еден од главните заклучоци на конференцијата „Градиме мостови во образованието на возрасни“ која започна денес во хотелот „Холидеј ин “ во Скопје.
Над 100 експерти од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора кои работат во полето на образованието на возрасни во регионот на Југоисточна Европа дискутираа за уредување и создавање услови за квалитетно формално и неформално образование на возрасните.
– Образованието на возрасни како интегрален сегмент од целокупниот образовен систем на секое модерно општество е во процес на реформирање, организација и уредување во Македонија и во земјите од регионот, во согласност со европските и глобални трендови, но и поради неговата неопходност. Во последните години, во Македонија образованието на возрасни добива сѐ повеќе на значење и истото котира високо на политичката агенда – беше еден од главните заклучоци на конференцијата „Градиме мостови во образованието на возрасни“ потенцираше Билјана Мојсовска директорка на невладината организација „Центар за доживотно учење“ која е домаќин на конференцијата.
На настанот говореа и Линдита Ќазими, директор на Јавната Установа „Центар за образование на возрасните“ , Катрин Фриинсфелд раководител на одделот за култура во Амабсадата на Германија во Р. Македонија и Назихтере Сулејмани, државен советник во Министерството за образование на Р. Македонија.
ДВВ Интернационал, организација со седиште во Бон, СР Германија, преку средства на Сојузното Министерство за економска соработка и развој на СР германија, од 1997-ма па сѐ до денес со своето присуство и проектни активности во Македонија и во земјите од југоисточна Европа, дава континуирана поддршка на градењето, развојот и унапредувањето на системот и структурите за образование на возрасни, со цел да помогне во борбата за намалување на невработеноста, сиромаштијата, отворање пристап до квалитетно образование за сите граѓани, со особен акцент на лицата на маргините на општеството – невработените, лицата од рурални средини, самохраните мајки, затвореници, лица припадници на етнички малцинства итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст