| четврток, 6 декември 2018 |

Косовец обвинет за обид за убиство на сопругата во хотел во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С. (34) од Новален, Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што информира МВР, во неделата на 22 октомври околу 4:50 часот во хотел лоциран на улицата „Титовелешка“, во Скопје, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х. (39) од Рига, Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телото, како и убодна рана во пределот на левата страна на вратот.

– При обидот за убиство во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „НИКОБ“ кој бил повикан од вработените во хотелот. Откако пробал да го оттргне пријавениот од Н.Х., Ф.З. бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка, соопшти МВР.

На пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top