| четврток, 6 декември 2018 |

Усеин Болт доби повик од Борусија Дортумд

Борусија Дортмунд е сериозна во намерата да му даде шанса на најбрзиот човек на светот Усеин Болт да ги покаже своите квалитети како фудбалер.

Работите се изгледа договорени, повеќекратниот олимписки шампион ќе пристигне на фудбалска проба и тоа во големиот германски гигант.

Спонзорот на клубот и на славниот атлетичар кој се повлече, Пума, била флавен фактор во целата приказна.

Претседателот на Дортмунд Вацке прифатил, па Болт штом ќе закрепне од повредата ќе пристигне на „Вестфален“.

Тој има 31 година и негов сон е да заигра за Манчестер Јунајтед, но првата шанса ќе ја добие меѓу „Милионерите“.

-Сон ми е да бидам фудбалер и ќе се обидам да го остварам, не ми е гајле што мислат луѓето. Секако, доколку увидам дека не ми оди и го немам потребниот квалитет нема да се срамам, вели Болт.

-Точно е, добив повик од Дортмунд, сега е само важно да се подготвам и да се излечам од повредата. Потоа ќе пробам во Борусија, кој знае што ќе се случи, важно е да пробам, додава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top