Не се случува често снаата да стане толку блиска со свекорот, но кај Трамп, веќе навикнавме на сите невозможни сценарија.
Сопругата на Доналдовиот син, Ерик Трамп, Лара(35), многу медимуми ја нарекуваат ѕвезда во подем и главно лице на кампањата за повторен избор на Доланд Трамп за американски претседател во вториот мандат. Кампањата почна многу рано, две години пред Трамп повторно да се најде на гласачкото ливче, а Лара е веќе маскимално ангажирана.
Лара Трамп ја нарекуваат тајното оружје на Доналд во кампањата 2016 бидејќи со својата ангажирансот на американскиот претседател му донесе победа во нејзината родна Северна Каролина каде задачата и била да го разбие убедувањето дека за Трамп не треба да гласаат жени.
Сега е важна личност во новата кампања за втор мандат во која Трамп веќе собира средства и одржува собири, а важно му е и да ја нападне веродостојноста на медиумите за кои тврдат дека шират лажни вести.
Лара за Ерик е омажила во 2014 година, а тогаш работела како продуцентка за американската телевизиска програма Инсајд Едишн, кога нејзиниот свекор ја објави кандидатурата за претседател. После кампањата таа не се вратила на својата стара работа, туку се вклучила во кампањата за новиот мандат на Трамп.
-Лара вистински верува во пораките на мојот татко и е страствена во борбата за Американците-рекол за својата сопруга Ерик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст