Во издание на издавачката куќа „Готен“ излезе романот „Патот на ангелот“ од чешкиот писател Јан Балабан. Преводот од чешки јазик е на Диме Митрески.
Приказната на „Патот на ангелот“ нè води во едно урбано предградие на индустрискиот град Острава во седумдесеттите години на минатиот век. Многу семејства се преселени во сивите згради, работат во тешката индустрија и во рудниците за јаглен. Среде тие раселени лица, живее Мартин Врана. Преку фрагментарна нарација го следиме неговиот пат низ животот.
Силината на делото на Балабан извира од чувството за детаљ што го поседува авторот. Тој со голема прецизност ги слика чувствата на луѓето, до мера што читателот чувствува непријатност од тоа што толку навлегува во нивниот внатрешен свет. Втор важен елемент е јазикот на книгата. Тој е прецизен и современ. Балабан употребува чисти, свежи метафори, што нема да ги сретнете на друго место. Описот на сивиот живот и на сивилото на индустрискиот крај во една библиски катастрофична слика на отпад, остатоци од руда и јаловиште, каде што небаре на природата ѝ е оневозможен животот.
Јан Балабан успева да го отслика грдото со огромна уметничка убавина. Ова е сурова и болна книга, сувопарна во својата конкретност, но лирична во својата ламентација над грдите животи. Градот Острава е протагонист за себеси, митско апокалиптично место, иако всушност станува збор за едно мало социјалистичко индустријализирано гратче. Тоа произведува повеќе страсти, неправда и силни емоции отколку што во социјалистичката бајка би требало да се случува.
Јан Балабан (1961 – 2010) е чешки писател, новинар и преведувач. Тој се смета за егзистенцијалистички писател чии дела често се занимаваат со мрачните и тегобни аспекти на човековата состојба.
Објавувањето на книгата е поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст