| четврток, 6 декември 2018 |

Петрушевска: По над 150 изведби „Госпоѓа Министерка“ не е ставена на репертоарот на МНТ

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку социјалните мрежи информираше дека претставата „Госпоѓа Министерка“ е тргната од репертоарот на МНТ, нејзиниот матичен театар.

-По над 150 изведби *Госпоѓа Министерка * не е ставена на репертоарот на мојот матичен театар МНТ .Само како потсетување имаше над 80.000 билети продадено и е независен проект што значи без пари од Министерство за култура во копродукција со МНТ,како впрочем и претставите кои исто не беа финасирани од Министерството за култура:*Кој се плаши од Вирџинија Вулф*,*Брачна игра *.
Па браво !Алал да ви е !, пишува Петрушевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top