Изборниот штаб на кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон и Националниот комитет на Демократската партија ја платиле фирмата за политички истражувања „Фјужн Џи-Пи-Ес“ (Fusion GPS) да направи досие со обвиненија за поврзаност меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Русија, објави „Вашингтон пост“.
Повикувајќи се на анонимен извор, весникот објави дека договорот бил направен со посредство на адвокатот на Изборниот штаб и на Националниот комитет, Марк Елиас, кој одбил да ги коментира информациите.
Првично, составувањето на досие со компромитирачки материјали за Трамп почнало по нарачка на поддржувачи на Републиканската партија на САД, кои биле незадоволни од неговата одлука да учествува во прелиминарните избори. „Фјужн Џи-Пи-Ес“ за оваа задача го ангажирала и Кристофер Стил, раководител на лондонската фирма „Орбис бизнис интелиџенс“, во која работат поранешни британски разузнавачи.
Републиканската партија престанала да ја финансира истрагата во април 2016 година, откако станало јасно дека Трамп е најверојатен кандидат за претседател на републиканците. Тогаш иницијативата ја презеле Демократите, кои потпишале договор за финансирање со компанијата. „Фјужн Џи-Пи-Ес“ добивала финансии до денот пред изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


