| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На Кавадарци му е потребен човек како Јанчев

Митко Јанчев изминатите години покажа дека знае да работи, дека знае да создаде своја визија и да ја реализира. Покажа и дека знае да помага на секој на кого му е потребна помош. Без притоа да очекува тој да му возврати со нешто или да има корист од тоа помагање. Тоа е великодушност која е одлична карактеристика за секој човек и таков градоначалник му треба на Kавадарци, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва во посета на Љубаш.
-Овие денови сме сведоци на психолошка војна. Втеруваат страв на сите страни. Заплашувања, притисоци, ќе бркаат од работа ако некој нема да гласа, субвенции нема да дадат, закани на сите страни затоа што на друг начин не знаат да победат. Не ги бива со работа и проекти, а ги бива за закани, притисоци и многу поткуп. Да ве прашам „Кој им ги дал тие пари“, за да има толкав поткуп каков што има сега во Македонија, како што немало никогаш, фрлени се 20 милиони евра во поткуп, тие пари не се нивни пари. Ни 10 % од тоа не се нивни пари. Кој има интерес да инвестира толку многу пари за овој криминалец и предавник да биде во Владата и да изгледа сега уште како победник на овие избори? Кој има интере? Чии се тие интереси кои треба да се исполнат за некој да му даде црни пари на рака, да дели, да поткупува луѓе, за да се прогласува за победник и за да може понатаму да остварува нечии цели и да може понатаму да работи ама не во интерес на народот и граѓаните, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека на СДСМ главната работа како Влада им е не да привлекуваат инвеститори кои ќе отвораат нови работни места, туку како да направат штета.

-Главната алатка не им е да ги слушнат луѓето и нивните проблеми и како истите да ги решат, туку како да ги заплашат со полицијата. Полицијата ја ставија во служба на нивната партија. Можеби сега се во облаците, но колку повисоко летаат падот ќе им биде поголем. А падот не им бега бидејќи нема марионетска влчаст која долго се задржала. Колку повеќе сакаат да внесат страв, толку повеќе им порачуваме дека не им се плашиме. Забораваат дека ние сме ВМРО и дека во нас гори таа пркосна идеја која се спротивставувала на многу поголеми и многу сили и опасности од овие неспособни луѓе. СДСМ немаат некои сериозни проекти, немаат програми и затоа зборуваат за воздух, за ветер и за магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа со нас, па удрија да организираат криминални избори. Во Македонија спроведоа африкански избори. Паднавме на рангот на Сомалија и Кенија. Пукнат череп на градоначалник, убиен носител на советничка листа, следени кандидати за градоначалници за потоа да им се оди на врата на луѓето и да им се закануваат. Слики на партиски активисти на СДСМ во натпревар чич пиштол е поголем и посилен пиштол. Секој ден со име и со презиме дознаваме како потплаќаат гласови, информираме, но нема реакција. Сакам да им порачам дека нема да не скршат затоа што народот гледа што се случува, ќе им се врати како бумеранг и ќе дојде време кога ќе има и одговорност за ова што го прават, порача Груевски.

Тој вели дека за СДСМ е нормално да се ослободуваат криминалци, да се легализираат хомосексуални бракови и тие да посвојуваат деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top