Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Гази Баба, Борче Георгиевски, фалсификувал службен документ за лице кое поминува низ полициската евиденција за трговија со дрога, обелоденија медиумите. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ e Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство. Инаку, Георгиевски кривичното дело фалсификување го извршил во 1998 година.
До редакција на „Инфо плус“ биле доставени и документи од страна на свиркачи од полицијата, кои потврдуваат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ, за Гази Баба, Борче Георгиевски, во 1998 година фалсификувал патна исправа за познат криминалец, Љ. Ахмет, лице кое е гонето за трговија со дрога.
Според документите кои ги добила редакцијата на порталот, јасно се гледа дека за конкретното дело била поднесена кривична пријава, која во тој момент била во фаза на обвинение, се уште не е јасно дали имало и судска разрешница или сепак Георгиевски успеал да и избега на правдата.
Граѓаните на Гази Баба од страна на СДСМ имаат кандидат за градоначалник кој фалсификувал јавни исправи за криминалци гонети за трговија со дрога, прочуени во подземјето. Граѓаните се повеќе се прашуваат дали ваков човек со линкови до подземјето може да биде градоначалник на општина во главниот град?
Се уште останува нејасно што добил како надоместот Георгиевски за овој фалсификат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст