| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да има прегласување ниту во Сарај, одлучи ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) како што соопшти на денешната седница претседателот на Комисијата Александар Чичаковски официјално ги
очекува одлуките на Управниот суд за тужбите против приговорите од партиите за првиот круг од локалните избори, по што повторно ќе одржи седница на која ќе бидат соопштени конечните резултати за општините за кои имаше приговори од партиите.

Управниот суд на веб-страната веќе ги објави одлуките. Уважи една од 24-те тужби на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласањето на избирачко место во општина Сарај за членови на Совет на Град Скопје, но судечкиот совет донел решение со кое го одбива приговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Во одлуката објавена на веб-страницата, Судот наведува дека ДИК погрешно утврдила дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на гласањето за градоначалник на Скопје, а се работело за совет на град Скопје. Управниот суд, сепак, од оригиналните записници утврдил дека ДИК правилно одлучил да го одбие приговорот бидејќи од доказите видно е дека не е прекршен Изборниот законик.

Во одлуката на судечкиот совет на Управниот суд пишува дека „резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на членови на Советот на Град Скопје, за гласачкото место 2461 – општина Сарај, се потврдуваат“. Според информациите од ДИК, врз основа на ова нема да има прегласување на избирачкото место во Сарај, а резултатите за првиот круг на локалните избори стануваат конечни освен за советот на оваа општина стануваат конечни и за другите општини каде имаше приговори како Град Скопје, Радовиш и Гостивар. Сепак, во Сарај ќе има втор круг на локалните избори за градоначалник.

Втор круг на изборите ќе има во 35 општини на 1.517 избирачки места. Од скопските општини втор круг за градоначалник ќе има во Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Чаир и Сарај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top