| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе биде епилогот од разнишаното албанско партнерство?

Прегрупирањата во албанскиот политички блок продолжуваат да ја одржуваат тензијата за перспективата на навидум цврстата коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, како и за епилогот од гласањето во недела.

Прегрупирањата во албанскиот политички блок продолжуваат да ја одржуваат тензијата за перспективата на навидум цврстата коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, како и за епилогот од гласањето во недела. И додека Касами и Села кој е дел од владејачката коалиција работат во насока да го поразат Ахмети во општините каде се тркаат во втор круг, со тенденција ова партнерство да продолжи и по локалните, Националната демократска партија, која пак е дел од Алијансата за Албанците му откажа љубов на Села. Останува на линијата на поддршка на Ахмети, посочувајќи дека своите гласови ќе му ги дадат на кандидатот на ДУИ за Гостивар- Невзат Бејта.

Што ќе биде епилог од разнишаното албанско партнерство?
Според политичкиот аналитичар од Тетово, Алајдин Демири на овој начин се губи довербата кај електоратот од албанската заедница во земјава.

-Овие пазарења требаше да се случат многу порано, но еве прелиминарните резултати од првиот круг создадоа терен за да се урне ДУИ, вели Демири за Алфа..

Според него, демонстрирањето стабилност меѓу Заев и Ахмети е со единствена цел ДУИ да се спаси, а СДСМ да остане во власта по секоја цена.

-Обидите за истерување на Села од владејачката гарнитура од страна на СДСМ и ДУИ, покажува дека ДУИ сака да се спаси, а СДСМ дека не сака да е реформска ами по секоја цена да остане во власта, нагласи тој.
Во меѓувреме, пак Заев изразува надеж дека коалицијата ќе се прошири, порачувајќи дека му е неопходна поддршка за реализирање на реформските процеси. Тој на митинг од Гостивар, на доскорешниот министер во неговата влада – Таравари, му порача да си остане доктор, а ја побара поддршката за Бејта да го води градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top