Познатата хрватска филмска, телевизиска и драмска актерка Долорес Ламбаша, беше на врвот на кариерата кога трагично го изгуби животот. Кобната вечер се враќала од Белград во Загреб. Нејзиниот првобитен план бил со колегата Стојан Матавуљ преспие во хотел, меѓутоа во последен момент решиле да возат ноќе. После забавата со пријателите Долорес и Стојан тргнале на пат за Загреб.
На 23 октомври 2013 година во 6.45 часот изутрина, нивниот автомобил кој го возел Стојан, се судрил со друг автомобил. Од силината на ударот двете возила слетале од патот, а младата актерка која иако била врзана, излетала низ прозорецот.
Со тешки повреди на абдоменот и внатрешните органи, Долорес е превезена во болница каде веднаш била оперирана, меѓутоа после неколку часа ја изгубила битката за живот. Несреќата се случила на истата делница каде 6 години претходно животот го изгуби и нашиот Тоше Проески.
Актерката имаше убавина на која и се восхитуваа сите и ја нарекуваа икона на поновиот хрватски филм, а најпозната во регионот беше по серијата „Роза на ветровите“.
Во последното необјавено интервју, кое го дала за хрватските медиуми изјавила дека единствена желба и е да биде здрава и жива.
-Со триесет години би сакала да сум жива и здрава. Би сакала да глумам, пловам, ловам риба. Ма не ми треба многу-рекла тогаш Долорес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст