Здружението на Ветераните на Ослободителната национална армија, денеска излезе со реакција во врска со повторното актуелизирање на прашањето за името на Македонија, пренесува Газета Експрес.
Според нив, во решавањето на ова прашање треба да бидат вклучени и албанците, при што тие имаат дадено предлог за тоа како треба да се вика Македонија.
“Не еднострано решение за името на Македонија. Неколку пати надворешните фактори го актуелизираат прашањето за адекватно име на БЈРМ – Македонија. Нимиц е назначен за официјален претставник. Тој не успеа, или беше спречен да дојде до вистинската цел. Сепак, тој продолжува. Ние сме благодарни. Во сиот тој напор, никогаш не беше земен предвид автохтониот албански фактор. Без ова, не може да има реално долгорочно решение. Во последната деценија дадовме врвна идеја а тоа е името “Илиро-Северна Македонија”. Ние сме одлучни “, велат од ЗВВ на УЧК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст