| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и СЈО


Вчера се виде целта на политичката инструментализација на СЈО и монтираните истраги. Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и СЈО и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, вели драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднесе 24 тужби за 45 избирачки места за изборни нерегуларности, додека судот не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место. Ваквото делување на Управен е заради оркестрираниот притисок од страна на двоецот СДС/СЈО. Имено СЈО во монтирана постапка во предизборниот период покрена постапка против пет судии во Управниот суд, заради нивно слободно судско уверување, додека Судскиот совет под влијание на СДС надвор од секаква правна логика им го одзема судскиот имунитет, потенцираше Данев.

Тој додава дека ДИК и Управниот суд беа под страшен притисок како и целата администрација. ДИК и Управниот суд одеа по линија на помал отпор и одлучија да замижат пред очигледниот фалсификат на овие избори само за да не станат предмет на натамошен прогон на политичкото обвинителство на Заев. Вакво насилство, притисоци и закани немало и не смее да се повторат.

-Целата јавност преку доказите и фактите кои беа објавени во медиумите виде дека на изборите во недела беше направен најголемиот изборен фалсификат во независна Македонија. Беше извршено полнење на кутиите со однапред заокружени ливчиња за СДС, со методот на т.н. бугарски воз, доказ за тоа се гласачките ливчиња од Карпош најдени во изборни кутии во Охрид, ливчињата од Велес најдени во Струмица, од Врапчиште во Гостивар, но и со записник утврдените недостатоци на гласачки ливчиња во Гевгелија и Берово. Граѓаните видоа дека станува збор од фалсификат од мегаломански размери кога во Ресен беа најдени гласачки ливчиња со ист сериски број, што индицира на двојни ливчиња. Сето ова е фото и видео документирано, поткрепено со докази и записници, за што медиумите редовно објавуваа, рече Данев.

Тој вели и дека доказите и фактите за изборен криминал сепак не беа доволно за ДИК и Управен да го пребродат стравот и наместо под притисок да одлучуваат по словото на законот.

-Управниот суд и ДИК наместо согласно закон одлучуваа под притисок и сугестија на власта. ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува и потсетува сите оние кои за потребите на СДС вршат изборен криминал и ги изигруваат законите, дека со враќањето на демократијата во Републиката ќе се врати и правната држава, а сите прекршители на законите ќе одговараат согласно закон. Одговорност за овие изборни криминали ќе има и мора да има, изјави Данев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top