| четврток, 6 декември 2018 |

Управен суд: Никаде не треба да се прегласува

И покрај големиот број нерегуларности, пронајдени ливчиња од други избирачки места, вишок или помалку ливчиња на избирачко место и уште многу неправилности, за Управниот суд нема потреба од прегласување. Дел од реакциите во јавноста се дека после ДИК и судиите од Управниот Суд се прават при очи слепи.

Овие локални избори, како на денот на гласањето, така и во текот кампањата беа како што многумина велат најнедемократските избори откако постои Македонија, но очигледно ДИК кој е под контрола и Управниот Суд, кој според одредени информации имал големи притисоци од владеачката партија, не прифатија ниту еден приговор од опозициската партија. Граѓаните велат дека очигледна е решителноста на одредени сили по секоја цена да СДСМ да биде убедлив победник на овие избори, па се премолчува на сите неправилности кои ни ги донесоа најнедемократски избори во Македонија.

На изборниот ден, на 15 октомври медиумите пишуваа за бугарски возови, граѓани јавуваа за агитирање и притисоци пред гласачките места од активисти на владеачката партија и уште многу други прекршувања на законот.

Да потсетиме, овие избори Македонија ја имаше убедливо најцрната предизборна кампања во историјата на државата, скршен беше череп на кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, убиен беше носител на советничка листа во Кичево, низ медиумите се појавија докази дека СДСМ дели поткуп низ целата држава.

И покрај овие факти, кои се само мал дел од неправилностите кои се случија, за Управниот Суд, а и претходно за ДИК потреба од прегласување нема никаде.

Дури и во таа една тужба која е прифатена од ВМРО-ДПМНЕ, сепак нема да има прегласување на избирачкото, бидејќи фактичката состојба е иста како тужбата да е отфрлена.

Во неа се вели дека жалбата се уважува, но дека броењето на гласовите било направено согласно прописите. Граѓаните коментираат дека ова личи како Управниот Суд да си игра мајтап со граѓаните на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top