Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија. Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, утре ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Шефот на македонската држава во четврток ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“.
За време на работната посета на Брисел, претседателот Иванов ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево