Од утре (25 октомври) до крајот на овој месец во седум градови низ Македонија ќе бидат прикажани четири филмови за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ организиран од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Филмовите се наменети за деца од 4 до 14 години. Дел се синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик. Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избравме четири филмови од поновата европска продукција:
– „Малиот гангстер“ (Холандија) во режија на Арне Тонен (2016, синхронизиран на македонски и албански јазик)
– „Детето фантом“(Франција, Белгија) во режија на Жан-Луп Феличиоли и Алан Гањол (2015, синхронизиран на македонски и албански јазик)
– „Спасете го Рафи“(Германија) во режија на Аренд Агте (2015, со превод на македонски и албански јазик)
– „Авантурата на Нели“(Германија) во режија на Доминик Весели (2016, со превод на македонски јазик)
Во рамките на проектот ќе се одржи и филмска работилница. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст