| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Фамилија“, победникот на „Киненова“ почнува првата ревија на современата венецуелска кинематографија

Од 24 до 29 октомври во Кинотеката на Македонија во организација на Филмскиот фестивал „Киненова“ Скопје и Амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Софија првпат ќе се случи претставување на венецуелската кинематографија во Македонија.

Ревијата на 24 октомври во20 часот ќе биде отворена со победникот на „Киненова 2017“, „Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова, филм кој е веќе прикажан на неколку големи светски филмски фестивали како Кан и Сан Себастијан, а на „Киненова“ ја доби првата главна награда.

Во текот на ревијата ќе бидат прикажани вкупно шест филмови од најновата филмска продукција во Венецуела. Меѓу нив пет се играни, и еден анимиран.

Настанот свечено ќе биде отворен од амбасадорката на Венецуела за Бугарија, Македонија, Црна Гора и Албанија, Ориета Капони.

Партнер на ревијата е Кинотеката на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top