Денеска сум тука на еден многу голем ден 23 октомври денот на македонската револуционерна борба, денот на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, нашата организација која секогаш била и секогаш ќе остане главен и основен столб на македонските интереси и македонската држава. Тоа е ВМРО од секогаш со народот, за народот и со жртва и саможртва, секогаш на браникот на татковината, ова од Карбинци вечерва го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-На овие избори видовме дека другата страна немаат ниту некои сериозни проекти, ниту програми и затоа ни говореа за воздух, ветер и магла, па видоа дека не можат да се мерат со работа со нас и удрија на криминални избори. Во Македонија се спроведоа африкански избори, видовме пукнат череп на кандидат за градоначалник, убиен кандидат за советник, искршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, слики со пиштоли и полиција која молчи и чува стража додека СДСМ поткупува гласачи на различни места, вели Груевски.
Тој додава дека секој ден со име и презиме дознаваме како потплаќаат гласови, но нема реакции и следниот ден истата песна тие ја продолжуваат.
-Крајната цел е да се разбие секој Македонец кој размислува за својата држава, кој го сака својот јазик и идентитет и преку разни механизми истите да делуваат. Сакањето на државата тие сакат да го направат нешто што е немодерно, а пак повредни да станат работите како легализација на хомосексуалноста, легализација на марихуана, дрога и масовна употреба на алкохоли.
Тој вели и дека дојде време криминалците да се на слобода, а патриотите во затвор.
-Красниќи на слободна, а Едмонд Темелко, човек кој што е борец за човекови права на Македонците во Албанија, единствен градоначалник надвор од границите на Македонија, тој во затвор. Убијците на децата во Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење коса, четири години затвор, изјави Груевски.
Тој кажа дека немилите настани кои се случени на 27 април биле немили сцени кои не требало да ги има, но дека биле намерно испровоцирани. Тој кажа и дека кога гледаат колку криминалци се ослободуваат од затвор и гледаме како се апсат овие луѓе тоа е неправда и најави дека целосно ќе се застане зад нив.
– Сето ова време додека тие прават спектакли економијата тоне, индустриското производство паѓа, а се намалува и девизните резерви. Од странски инвестиции нема ништо, а и постојните размислуваат за заминување, просечната плата не расте како што тие ветуваа, таа паѓа, а зголемување на пензиите нема иако имаше ветување. Наспроти лагата на СДСМ за зголемување на пензиите во времето на ВМРО-ДПМНЕ без малку дупло се зголемија и тоа е разликата помеѓу нив и нас. Сиромаштијата расте, државата е на колена, но тие не заборавија да го склучат штетниот договор со Бугарија уште првата недела од нивното доаѓање на власт. Ние немаме никаков проблем за Бугарија, таа е наш сосед и ние треба да живееме во слога и хармонија, но тие го прифатија откажувањето на македонското малцинство во Бугарија, како и прогласување на заедничка историја. Тие го најавуваат и договорот со Грција каде што планираат да прифатат се и да го променат името, јазикот, нацијата, а потоа ќе ги донесат и мигрантите од Африка и Азија во Македонија на кои што со сиот ум Заев планира да им даде државјанства и да ги прави нивни гласачи, истакна Груевски.
Тој вели дека вработеноста во Карбинци во 2006 година имало 280 вработени лица, а на крајот на 2016 година бројот е 550 лица, а тоа се дупло повеќе вработени лица и нивната основна цел во минатиот период биле отворање на нови работни места. Груевски најави и бесплатен здрав оброк за учениците од прво до петто одделение како и стекнување на сопствен дом на семејствата во Карбинци со симболична почетна цена од 1 евро по квадрат и со ослободување на комуналиите.
-Ќе направиме и ново училиште, ќе ја реконструираме прочистителната станица, а ќе рекунструираме и многу улици во Карбинци, а најмногу од се ќе носиме нови инвестиции за да има нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст