| четврток, 6 декември 2018 |

Нестабилна воздушна маса со големи размери се приближува кон Штип

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека нестабилна воздушна маса со големи размери се приближува кон Штип, каде се очекува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

Во другите подрачја е облачно со локални врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, особено во источните делови. Ќе дува и засилен северен ветер, на места и над 70км/ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top