Мараја Кери е уште една позната личност која е жртва на крадци. Непознати сторители влегле во домот на пејачката во Лос Анџелес и украле чанти и очила за сонце во вкупна вредност од 50.000 долари.
Инцидентот се случил околу 3 часот наутро во четвртокот. Во тоа време немало никој во куќата, бидејќи Мараја моментално е во Њујорк. Богатата колекција на накит на пејачката не била допрена.
Според изданието TMZ сторителите влегле во објектот и на вториот кат ги откриле големите вредности, се претпоставува дека само десет предмети биле украдени од домот на ѕвездата.
Со тоа Мараја влегува во листата на редица други познати холивудски ѕвезди, чии домови во Лос Анџелес се ограбени. Меѓу нив се Џејсон Деруло, Кенди Џенр, Аланис Морисет и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст