| четврток, 6 декември 2018 |

Деца предизвикале трагедија – маж се бори за живот на Клиника во Скопје

Маж се бори за живот откако се обидел да спречи поголема трагедија во кумановската населба Карпош.

Од полицијата информираат дека настанот кај нив е пријавен вчера околу 15:35 часот. Имено, две 10 годишни деца- братучеди, влегле во паркирано Тамче, по што едно од децата го притиснало квачилото, а камионот се придвижил.

Во соседниот двор седел О.Д.(38), кој кога видел што се случува станал да им помогне на децата. Мажот ја отворил левата врата од камион со намера да се качи, но бил притиснат на бетонски столб. Камионот потоа удрил во бетонска ограда и метална врата од куќа, по што запрел.

На повредениот О.Д. помош му пружил сосед, кој повикал Итна медицинска помош со која бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово. Поради сериозноста на повредите, опасни по живот О.Д. како итен случај е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top