Ако сакаат да се пресметуваат со ВМРО-ДПМНЕ, ние сме тука. Мене нека ме уапсат, колку сакаат нека ми дадат години, доживотен затвор ако сакаат нека ми дадат, раководството нека го уапсат, нека не гонат луѓе кои во емоција влегле и грешиле, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното гостување на телевизија Алфа.
-Во исто време ослободуваат убијци на пет деца, да ослободуваат тешки криминалци осудени на многу години затвор и да глумат дека во државата има правда. Во исто време и да соработуваат со најголемите дилери во државата за да ги искористат во изборни цели, да ослободуваат 1.050 криминалци, затвореници, поголем дел од нив за тешки телесни повреди. Раната на челото на Заев, за која сочувствувам, не боли повеќе од раната која му ја направиле тие 1.050 луѓе кои ќе излезат на кој друг. На што личи ова што се случува во државата, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст