| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерката на Тоше проговори: Никогаш не му отидов на гробот и не ги слушам неговите песни

За Љиљана Петровиќ. менаџерката на починатиот пејач Тоше Проески, 16. октомври 2007 година за секогаш ќе биде синоним за болка. Таа ноќ по враќањето од настапот во Хрватска не насетуваше дека тоа ќе биде нивното последно патување. Љиљана по оваа несреќа се пресели во Ниш, каде работи и ја лекува тагата.

Ниту после 10 години не го преболе Тоше, но не собра сили да оди на неговиот гроб.

-Времето не ги лекува раните. На гробот на Тоше не сум била никогаш, нема сили но по 10 години да го направам топа. Никогаш повеќе не сум пуштила ниту една песна што тој ја отпеа. Не можам. Се уште не можам да го слушнам неговиот глас и сето тоа. Мене омилена негова песна ми беше „Цреша“, но не сум ја слушала 10 години, вели Љиљана со трепетлив глас и додава:

-Октомври и овој период секогаш се некако најтешки за мене. Тој месец ми е исклучително тежок и тогаш сум малку онака…, трепери гласот на Љиљана и не може да ја заврши реченицата.

Таа кобна ноќ Љиљана беше во автомобилот со Тоше, и со тешки повреди е префрлена во болницата во Нова Градишка, каде и дозна дека Проески починал на самото место. Оттогаш нејзиниот живот изгуби смисла. Кога се опорави, одлучи да го смени животот и да ги пресече сите врски кои ќе ја сеќаваат на него.

-Ми требаше многу храброст да го сменам животот од корен. Секогаш е тешко кога ќе се одречете од нешто во што сте биле добри и тргнете во нешто ново од нула. Посебно кога сте во состојба во која јас бев, навистина е тешко. Природата во тој момент ми беше лек за душата, така што и должам многу, истакнува Љиљана, која веќе 10 години е во бизнисот со лаванда и од тоа добро живее.

-По естрадата оваа работа ми беше единствен лек. После сето тоа лудила. Се што до тогаш ми се случи не умеев да го преболам. Јас едноставно не можев повеќе да се занимавам со работата со која се занимавав. Мене Тоше и премногу ми значење, многу повеќе отколку музиката и мојата работа. После се, не бев способна за нешто такво.

Кога по смртта на Тоше си рекла да стави точка на кариератата како менаџер, многумина помислија дека тагата зборува од неа и дека ќе го смени мислењето. Љиљана признава дека за овие 10 години неброени пати и стигнувале понуди да се врати на старата работа, но без малку размислување ги одбивала. Со заминувањето на Проески таа тој свој живот го оставила зад себе.

Го прекинав секој контакт со семејстовото на Тоше

Тоше го загуби животот во 26 година. Неговата смрт ја оплакуваше целиот Балкан. За себе ги остави ожалостените родители, сестрата, девојката и внуците. Во родното Крушево и ден денеска постои меморијален музеј со работите на Тоше. од кимоното за џудо до бројаницата и иконата кои ги носеше со себе. Неговите родители Доминика и Никоја ниту еднаш не дошле до оваа одаја, толку како и Љиљана Петровиќ до нивната куќа. Сите тагуваат одвоено и не сакаат да се среќаваат зошто присуството ги потсетува на заедничката болка.

-Немам никаков контакт со неговото семејство, јас едноставно ја затворив таа приказна. Се одеков од се, само него го носам секогаш со себе и тоа ми е доволно. Луѓето мора да сфатат дека јас бев дел од животот на Тоше, себеси целата се давав во тоа, и затоа бевме толку успешни. Со неговото заминување, замина и дел од мене.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top