По скандалот со Харви Вајнштајн, кој неодамна го далдиса Холивуд, дојде уште една исповед за тешкото минато, и тоа од славната актерка Џенифер Лоренс, која на почетокот на кариерата исто така била жртва на сексуално злоставување.
Џенифер Лоренс почнала да глуми уште од тинејџерските денови, а првата номинација за Оскар ја добила на само 20 години, за улогата во филмот “Winter’s Bone”.
„Кога бев многу помлада и кога почнував во Холивуд, продуцентите ми рекоа дека за две недели ќе мора да ослабам 7 килограми. Една девојка пред мене доби отказ бидејќи не успеа да ослабе доволно брзо. Продуцентката тогаш ме натера да стојам гола со пет други жени кои беа многу, многу послаби од мене. Стоев целосно гола, имавме лепенки на интимните делови. Потоа ми кажа дека голите фотографии треба да ми бидат инспирација за диета“, изјавила актерката.
Оскаровката го споделила со јавноста и своето прво искуство со еден од машките продуценти на филм, за што претходно не зборувала, бидејќи како анонимна актерка немала никаква моќ.
„Ми кажа дека не знае зошто сите велат дека сум дебела, кога за него сум совршена да има секс со мене. Ме праша дали би глумела во порно, а имаше и работи кои ми е непријатно да ги кажам овде“, истакнала Лоренс. И додала : Дозволив да ме третираат така мислејќи дека морам да ги трпам ако сакам актерска кариера. Бев многу млада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.