| четврток, 6 декември 2018 |

Американски град кој целосно функционира на соларна енергија

Бебкок Ренч е одржлив град кој користи само соларна енергија. Оваа заедница е дело на компанијата Kitson & Partners и се наоѓа во југозападна Флорида. На почеток идејата за град кој целосно функционира на соларна енергија изгледала недостижна, но Бебкок Ренч демонстрираше стандард кој можат да го копираат други планирани заедници. Освен тоа што ја користи соларната енергија за сите потреби, сега властите на Бебкок Ренч сакаат нивните жители да ги користат нивните гаражи за други функции освен за паркирање.

Во градот сега се воведуваат и беспилотни мини автобуси кои ќе ги траснпортираат жителите насекаде и ќе се користат како примарни возила. Беспилотните автобуси се разбира работат на соларн енергија и ќе се користат во рамките на градот.

Сид Китсон, извршен директор и претседател на Kitson & Partners, верува дека автономните возила ќе понудат многу можности за жителите и ќе им помогне да се одвикнат од поседувањето автомобили. Китсон се надева дека Бебкок Ренч ќе биде модел за градовите од иднината.

Бебкок Ренч е град со 19.500 домови, планиран за да живеат 50.000 жители, а изградбата на градот чинела 330 милиони долари. Првата фаза, во која во градот ќе се доселат жители во 1.100 домови треба да биде комплетирана до крајот на годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top