Исправени сте уште еднаш пред нов голем предизвик, општина Бутел влегува во вториот изборен круг и уште еднаш ќе имаме шанса да одлучуваме во каков Бутел сакаме да живееме, вели кандидатот за градоначалник на Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.
-Гласајќи за бројот 13 гласате за нова ултра модерна општина, гласате за три нови паркови кои ќе се простираат на голема површина со фонтани, пешачки патеки со големи цветни површини, едниот парк ќе се наоѓа на влезот во Бутел кај отпадите, вториот ќе се наоѓа во централното подрачје кај населеното место расадник и третиот парк ќе се простира над населбата Радишани. Гласајќи за бројот 13 гласате за конечно уредување и разеленување на коритото на реката Серава, но покрај тоа ќе поставиме и нова пешачка патека каде што ќе може да се рекреира и спортува, потенцира Костовски.
Тој додава дека гласајќи за бројот 13 гласате за нов ултра модерен спортски комплекс кој ќе се наоѓа во населеното место Расадник и тој спортски комплекс ќе содржи нова сала, фудбалски стадион, кошаркарски игралишта, како и тениски игралишта.
-Гласајќи за бројот 13 гласате за нова модерна патека над Љубанци која ќе биде планинска пешачка патека која ќе може да се користи и за рекреирање и за спортување. Гласајќи за бројот 13 гласате за над 80 проекти кои што пред се реални проекти и ќе го изменат животот во Бутел. На 29 октомври повторно имате шанса да одлучите директно за иднината на вашите деца дали ќе живеат во несигурна и нестабилна општина или пак сакате да живеат во просперитетна и сигурна општина Бутел, рече Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст