| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени над 100 педофили

Бразилската полиција уапсила 108 лица во најголемата полициска акција против педофили во историјата на Латинска Америка.

Како што пренесува Би-Би-Си, операцијата следела по завршувањето на шестмесечната истрага во која учествувале претставници на САД и Европа за миграција.

Истражителите пронашле повеќе од 150.000 фајлови кои содржеле вознемирувачки фотографии меѓу кои имало и фотографии од злоставување на бебиња и деца, а некои од децата и тинејџерите откриле дека нивните родители или роднини учествувале во тоа.

Меѓу уапсените има и полицајци во пензија, државни службеници и луѓе задолжени за  младински фудбалски клубови.

Се уште не е познато дали овој синџир на педофили функционирал независно во Бразил, или бил поврзан со други криминални мрежи во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top