На полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово и во околината на Прилеп денеска и утре ќе биде одржан меѓународниот рели натпревар со џипови насловен „Македонски трфеј“. Организатор на оваа единствена од ваков вид манифестација која се одржува по втор пат е клуб от „Оff road Prilep“, а покровител општина Прилеп.
Според претседателот на клубот Панче Чупаркоски, на релито учествуваат околу 200 натпреварувачи од Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Македонија кои ќе ги покажат своите вештини.
– Учесниците изутринава со џиповие се собраа во центарот на Прилеп и по пригодното отворање на манифестацијата се упатуваат на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово од каде околу 11 часот ќе почне денешниот натпревар. Денеска се возат 30 километри преку селото Селце и месноста Шаторов камен. Се возат три категории (трофи, адвенчр и туристичка категорија). Утре учесниците се натпреваруваат на полигонот кај Старо Лагово и возат четири километри. Оваа е единствена манифестација од ваков вид кај нас, вели Чупаркоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст