| четврток, 6 декември 2018 |

Тече рокот за жалби од партиите до Управниот суд

Од синоќа тече рокот од 24 часа за тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Партиите можaт да поднесат тужби до Управниот суд против одлуките на Државната изборна комисија во рок од 24 часа од приемот на решението на ДИК, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за гласањето во првиот круг на 15 октомври. До Комисијата беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 беа од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од локалните избори на 29 октомври, а одредени општински изборни комисии веќе им ги врачија решенијата на изгласаните кандидати за градоначачници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top