| четврток, 6 декември 2018 |

Максо го испрати Циц во болница


Досегашниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски, по завршување на функцијата ќе се врати на работното место во гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница Куманово. На негово место доаѓа Максим Димитриевски.

„Местото ми мирува и од денеска или евентуално вторник, јас се враќам во Општата болница Куманово. Дали ќе продолжам со политиката или не ќе видам понатаму, бидејќи политиката не е дракстор, па да избераш што сака. Политика е тоа што можеш и знаеш да го работиш. Се надевам дека во иднина ќе имам некои предизвици, ќе одлучам врз основа на моите способности, она што знам да го работам за потребите на општеството, пред се заради мојата политичка партија и за Владата. Очекувам некои разговори кои можеби ќе бидат усогласени со моите способности, ако тоа не се случи јас ќе останам доктор во Куманово“, – изјави Дамјановски по примопредавањето на функцијата.

По средбата, Димитревски по испрати Дамјановски до влезот на Општината и му посака многу здравје и среќа во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top