ри нови случаи на мали сипаници се регистрирани во текот на изминатата недела (од 14 до 20 октомври) во Република Македонија, со што вкупниот број заболени, заклучно со денеска е 17. Ова се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Од вкупниот број на заболени, 10 лица живеат во населбата Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано во село Сопиште, населба Шуто Оризари и село Кондово. Едно од пријавените заболени деца е државјанин на Косово. Едно лице од новопријавените во последната недела е со место на живеење во Прилеп, на привремена работа во Скопје.
Од заболените, два случаи се на возраст под една година, кога не подлежат на задолжителна вакцинација против мали сипаници. Седум заболени се на возраст од една до четири години, а три се над 30-годишна возраст (едно лице од возрасната група од 30-39 години и две лица од 40-49 години). На возраст од пет до девет години има две лица и по едно лице припаѓа на возрасните групи од 10-14 години, 15-19 години, 20-29 години.
Симптомите на првиот пријавен случај од мали сипаници се јавиле на 15 септември. На 25 септември Центарот за јавно здравје Скопје пријави епидемија на мали сипаници на територијата на општина Гази Баба-Кванташка депонија.
Од 17 регистрирани случаи, 16 се лабораториски потврдени, а еден е клинички и епидемиолошки поврзан случај.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје биле хоспитализирани 13 лица од заболените, едно лице било хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Само кај два случаи биле регистрирани компликации во вид на пневмонија.
Сите случаи се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје – референтна лабораторија за мали сипаници и рубеола, според препораките на СЗО.
Од 25 септември до 13 октомври на територијата на Република Македонија биле вакцинирани 8.095 лице со МРП вакцина, од нив 2.552 со прва доза, а 5.450 со втора доза кај училишните деца. За овој период, откриени се 571 пропуштени лица за прва доза и 93 лице за втора доза и тие се вакцинирани. Од вкупно вакцинираните лица, 42,1 отсто се вакцинирани на територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје – Скопје, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст