| четврток, 6 декември 2018 |

Загадувањето светски убиец број еден

Загадувањето е светски убиец број еден и предизвикува повеќе смрт отколку војна, тероризам, природна катастрофа, цигари и болест, се наведува во студијата на медицинскиот журнал „Лансет“.

Во студијата се нагласува дека загадувањето, како надворешното, така и во внатрешниот станбен простор, во 2015 година уби околу девет милиони луѓе, што претставува еден од шест регистрирани смртни случаи.

– Загадувањето се заканува на основните човекови права, како што е правото на живот, на здравје, на благосостојба, безбедна работа, како и заштита на децата, вели коавторката Карти Сандилија.

Според студијата, најголемиот број смртни случаи поврзани со загадувањето се во земјите во развој, каде што властите повеќе се заинтересирани за изградба на својата економија и инфраструктура, отколку за еколошка регулација.

Се наведува дека најзагадени се Бангладеш, Кина, Хаити, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Јужен Судан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top