Американскиот режисер Квентин Тарантино, призна дека знаел за сексуалните напади кон жени од страна на продуцентот Харви Вајнштајн со кого работел многу години, објавија светските агенции,
Тие цитираа интервју од Тарантино, објавено во Њујорк тајмс. Во него, режисерот признава: „Знаев доволно за да сторам многу повеќе од она што го сторив“.
Тарантино жали што не презел акција кога слушнал за однесувањето на продуцентот. Тој истакна дека тоа се случило многу пред да експлодира скандалот со Вајнштајн кој во последниве недели беше обвинет за злоупотреба и силување на над 40 жени.
Тарантино сподели уште дека неговата поранешна девојка – актерката Мира Сорвино, исто така е меѓу жртвите на Вајнштајн. Продуцентот без дозвола почнал да и прави масажи и доцна во ноќта ја посетил во нејзиниот дом. Тоа се случило пред Тарантино и Сорвино да започнат врска во 1995 година. Друга актерка исто се пожалила на Квентин од вулгарниот продуцент.
Тарантино објасни дека во тоа време немал целосна претстава за тоа што се случувало. Режисерот сугерираше дека станува збор за поединечни напади од страна на Вајнштајн.
Во меѓувреме, полицијата во Лос Анџелес започна истрага за наводите против Вајнштајн за сексуален напад во 2013 година. Индикациите ги дала жртва на неговите постапки. Според Лос Анџелес тајмс, ова е 38-годишна италијанска актерка и модел, кој е испрашувана два часа. Нејзиното име не беше објавено. Таа потврдила дека била подложена на насилни акти од сексуална природа од страна на Вајнштајн. Полициските сили во Њујорк и во Лондон, исто така, го испитуваат американскиот продуцент за слични обвиненија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст