Изборниот фалсификат во Охрид потпомогнат од полицијата и параполицијата на СДСМ
За да биде олеснат изборниот фалсификат, една недела пред локалните избори на 15-ти октомври во Охрид била формирана параполиција составена од локални криминалци, дилери и лихаври како и синови на функционери на СДСМ, а потпомогнати од раководни лица на СВР Охрид. Оваа група составена од 25-30 луѓе имала за задача да го обезбедува теренот, односно со возила се распоредувале по улици каде што се вршел поткуп на гласачи од страна на СДСМ.
Истите доколку забележеле возило во кои имало лица за кои сметале дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ, ги информирале полициските службеници, кои службеници биле поставени на терен како доверливи лица на СДСМ. Полициските службеници веднаш вршеле застанување на возилата по што лицата кои биле во возилата биле легитимирани и претресувани како и безпотребно задржувани додека се “исчисти“ теренот каде што членови на СДСМ поткупувале гласови. На останатиот дел од групата им бил даден список со возила на членови од ВМРО-ДПМНЕ и истите имале за задача да ги следат, односно да даваат извештај каде се движат, дали посетиле некои куќи или пак се се следеле за да им биде влеан страв и несигурност. Координацијата на ваквите акции ја вршел синот на Зоран Верушевски кој според сведоци е забележан на неколку локации низ Охрид каде што се вршел поткуп на гласачи со џип порше каен без регистарски таблици.
Злоупотребата на државни ресурси од страна на полицијата на Спасовски оди дотаму што обележани полициски возила се користеле за спроведување на ваквите акции. Во фотографија која е испратена од граѓаните може да се види полициско “јети“ пред штабот на СДСМ во населабата Горна Влашка мала, а граѓаните сведочат дека во тој момент сомнителни лица влегувале во куќите во населбата каде што претежно живеат Роми и Египќани.
Во извршување на ваквите дејствија биле вклучени и алфите кои најчесто го контролирале теренот каде што биле поткупувани гласачи од страна на функционери на СДСМ и синот Верушевски. Истите биле задолжени и за контрола на штабовите од ВМРО-ДПМНЕ. Жители од помалите населби и села во близина на Охрид информираат дека во петокот и саботата во вечерните часови пред изборите имало присутност на возила со затемнати прозори и без регистарски ознаки кои најчесто стоеле паркирани на раскрсници од каде што може да се набљудува секакво движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст