| четврток, 6 декември 2018 |

Пријава од Јакимовски: Вработен во Општина Карпош неовластено менувал брави

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски пријавил дека вработен во администрацијата ги променил бравите на просториите на Архивата и на Комисијата за јавни набавки.

Вчера во 14.40 часот Јакимовски пријавил дека вработениот А.З. кој е дел од администрација на општина Карпош, без никакво овластување и значење како и предходно известување, ги земал клучевите од просториите на Архивата и на Комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до Архивата и Комисијата за јавни набавки на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top