Четирисет и три годишната М.Р. од Скопје вчера во нејзиниот дом била измамена од непознато женско лице и притоа била оштетена за околу 60.000 денари.
Како што соопшти МВР, оштетената М.Р. вчера во 12:30 часот пријавила во Полициска станица Гази Баба дека истиот ден околу 10:00 часот од страна на засега непознато женско лице била измамена.
– Сторителката дошла кај неа дома и продавала долна облека, но оштетената ја одбила, по што истата побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом. Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и и побарала и злато. Откако оштетената и го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст