| четврток, 6 декември 2018 |

Измамник се обидел да извлече пет милиони долари од Ричард Бренсон

Милијардерот Ричард Бренсон бил мета на измамник, кој се претставил како британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, во обид да го убеди да даде пет милиони долари, наводно за тајно плаќање откуп.

По шест месеци Бренсон дознал дека тој човек подоцна се претставувал и како него самиот, за да украде два милиона долари од негов пријател.

– Таа приказна звучи како да е од филм за Џејмс Бонд, но за жал е целосна вистинита, напиша на својот блог Брансон, којшто е еден од најпознатите британски бизнесмени.

– Тие тврделе дека сум немал пристап до својата банка во Велика Британија, оти не сум имал никаква конекција со Европа и едвај по сателитски телефон, сум успеал да се јавам само на тој бизнисмен (кој живее) во Америка… Бизнисменот бил неверојатно срдечен и дал два милиона долари, коишто брзо исчезнале, раскажува Бренсон.

Измамникот пред шест месеци го контактирал Бренсон, замолувајќи го да биде дел од тајна владина операција, при што ќе бидат искористени негови пари за откуп, а потоа „Владата ќе нашла начин да му ги врати“, раскажува бизнисменот.

Секако, потоа следела проверка во највисоките инстанци, па случајот бил пријавен в полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top