| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски најави низа проекти за Триангла

Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски, денеска беше по посета на населбата Триангла, каде најави дека во наредниот период ќе продолжи изградбата на атмосферската канализација, проект со кој ќе се овозможи решавање на проблемот и во оние делови каде во текот на поројните дождови има проблем со атмосферските води.
-Еден многу значаен проект, двете фази ги завршивме веќе изминатиот период, следниот период планираме да ја завршиме и последната трета фаза од овој проект. Ќе продолжиме со комплетна реконструкција на сите улици во населбата Триангла и доизградба на пешачките патеки. Како и изградба на велосипедска патека на потегот од Триангла кон центарот на градот Скопје, изјави Трајковски.

Тој најави дека ќе се продолжи и со изградба на паркинзите, простор кој граѓаните ќе можат да го користат за паркирање на сопствените возила.

-Еден многу значаен проект за оваа населба е утврдување на локации, а тоа е веќе во завршна фаза и го работиме. Во завршна фаза е планската документација за овозможување на изградба на деловно станбени простории, мини трговски центар, простор каде што ќе може да се изградат деловни простории, простор за изградба на кафулиња, банки и сличен тип на објекти од услужна дејност, кои што се многу значајни за жителите од оваа населба, изјави Трајковски.

Тој најави дека во соработка со ЕЛЕМ, во делот на поддршка за изградба на топловодното греење.

-Општина Гази Баба и понатаму ќе учествува во поддршката за изградба на линиската инфраструктура. Парното греење да го донесеме до секоја куќа во оваа населба, изјави Трајковски.

Тој најави и поддршка за изградба на потстаниците, вертикалите и инсталациите во колективните згради. Тој напомена дека со ова верува дека ќе биде обезбедено поквалитетно затоплување на просториите во оваа населба, поквалитетно греење на граѓаните, а од аспект на екологијата ќе се овозможи поздрава и почиста животна средина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top