| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладата нобеловка Малала нападната оти носела фармерки и високи потпетици

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир која за малку ќе го загубеше животот од талибански куршум во 2012 година бидејќи се бореше за правата на жената на образование, Малала Јусафзаи, почна да студира на Оксфорд, но нејзините први денови од студентскиот живот не поминаа без проблеми.

Малала (20) е снимена како оди на предвање во тесни фармерки и високи потпетици. Фотографијата веднаш се појави на социјалните мрежи и тоа беше повод за сите зли јазици да почнат со критикување, бидејќи традиционалната пакистанска облека ја заменила со модерна.

Нејзината желба да оди на факултет без да ја препознаат, падна во вода поради бурните реакции кои ги предизвика во родниот Пакистан.

Иако за задржала марамата која и ја покрива косата, таа беше прозвана поради новиот начин на облекување.

– Токму ова е причина зошто таа доби куршум во глава – напиша еден корисник на Твитер, а друг додаде „Погледнете ја лицемерната Малала како носи панталони. Дали е таа воопшто муслиманка?“.

Критиките упатени кон девојката која изјави дека еден ден сака да стане премиерка на Пакистан, предизвикаа огорченост меѓу нејзините симпатизери.

– Малала може да носи што и се допаѓа. Овие критики доаѓаат од најагресивните, а се сомневам дека тие може да бидат задоволни, што и да се направи. Таа е хероина и пример на многу девојки. Нејзиното инсистирање на образование ја донесе да студира на еден од најдобрите факултети на светот. Не ја спречи ни тоа што се обидоа да ја убијат – изјави за „Дејли Мејл“ Анитта Ананд, новинарка на „Би-би-си“.

Малала на Оксфорд студира филозофија, политика и економија, а истите студии ги посетувала и пакистанската премиерка Беназир Буто, која ја убија терористите за времена на предизборната кампања во 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top