| четврток, 6 декември 2018 |

Заштитете се себе и децата: Како да препознаете месо полно со антибиотици и хормони

Бело воденикаво пилешко или бледо парче свинска кременадла, која не е прошарана со бела маснотија се сигурен знак дека таквото месо, во најмала рака е полно со антибиотици, хормони или адетиви.

Од најголемо значење е декларацијата. Најдобрата причина да не купите колбаси, виршли или салами е ако на декларацијата стои ознака MSM. Тоа значи дека месото е машински сепарирано, сомелено заедно со коските, кои пак се главната состојка во која се депонирани сите антибиотици, хормони, тешки метали и останати отрови кои животното ги изело во текот на животот.

Истото важи и кога на декларацијата ќе пронајдете емулгатори нитрити, обележани со E249, E250, E251 i E252. Штетни се затоа што со аминокиселините од месото создаваат канцерогено соединение – нитрозамин. Уште една причина да го избегнете производот е ако на декларацијата воочите полифосфати, обележани со E451, E452 i E453 – според експертите, тие се генотоксични т.е. ги оштетуваат гените.

Особено е важно да ги избегнувате производите што содржат Е407 т.е. карагенан. Е407 се лепи за ѕидовите на цревата и создава ранички кои имаат ризик да се претворат во рак на дебелото црево.

Дополнително, проверете дали производот содржи одредени подобрувачи на вкусот, како глутаминат. Неговото присуство обично е доказ дека во содржината нема месо.

Сеедно, избегнувајте децата да ги храните со преработени месни производи, особено не паштети и виршли. Во краен случај, со малку труд, паштета можете да направите и сами.

Свежо месо

Кога купувате месо, на пример, свински шницли, внимавајте дали месото е прошарано со масни жилички. Ако е, тие животни и не биле така лошо хранети. Но, ако нема ни грам бела маснотија, а од месото истекува водичка, доказ е дека на животните им биле давани хормони за раст и антибиотици.

При спремањето на месото, треба да внимавате да не загори. Во загорената маса се појавува соединение диоксин, кое исто така е канцерогено. Најдобро е да го варите, да го печете завиено во фолија во рерна или тефлон, во масло, а може и на скара. При последниов случај, водете сметка да го ставите месото на решетката откако јагленот ќе престане да чади и кога ќе се создаде јак жар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top