Татјана Гуцу, руската гимнастичарка која освои четири медали на Олимпијадата во Барселона 1992 година, после 26 години призна дека ја силувал најдобриот на тие игри, нејзиниот некогашен колега од „зборнаја команда”.
Некогашната гимастичарка на СССР, Татјана Гуцу, охрабрена од големата твитер акција „И јас”, после повеќе од четврт деценија призна дека како малолетна била силувана.
Освојувачот на четири олимписки медали во Барселона 1992 година, признава дека тоа го направил нејзиниот колега, гимнастичарот Виталиј Шчербо, што предизвика вистински шок во светот на спортот.
Татјана открила дека тој срамен акт се случил во 1991 година, за време на едно натпреварување во Штудгарт, каде оваа неверојатна гимнастичарска двојка беа претставник на Советскиот Сојуз.
Односно дека Шчербо и напакостил кога имала неполни 15 години.
„Кој ме силуваше на ДТБ во Штудгарт 1991? Виталиј Шчербо. Чудовиштето кое толку години ме држеше во сопствениот затвор поради страв”- напиша сега веќе 41. годишната Гуцу на својот фејсбук профил.
Оваа позната Русинка која сега е среќно мажена, има деца и живее во САД, дополнува дека е крајно разочарана од „молчењето” на другите колеги во тимот.
„Бевте таму, чувте се, но не ме заштитивте. Знам дека ќе се обидете сето ова да го негирате, но моите детали се многу посилни од вашите зборови. Сега сум јака и не можете да ме скршите. Ова е моја приказна за ‘пепелашка’. Преживеав, и ќе се обидам да го подржам секој кој стравува да проговори, да стекнам самодоверба и да им помогнам на другите” – допиша Гуцу.
Виталиј Шчербо, кој има 45 години, и е роден во Белорусија, е еден од најдобрите гимнастичари во историјата на овој спорт. . А на тие Олимписки игри во Барселона 1992 година, освои шест златни мнедали. На наредната, онаа во Атланта 1996 година, додаде уште четири брознени одличја и комплетираше вкупно 10 олимписки трофеи.
Во текот на кариерата има освоени и 12 златни, 7. сребрени и 4. бронзени медали на светските првенства. Со години живее во Лас Вегас, каде има своја школа за гимнастика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст