Демонстрантите, кои организираат протести со барање да се стави крај на корупцијата во Украина, денеска се судрија со полицијата во кампот со шатори пред зградата на Парламентот во Киев.
Според некои локални медиуми, полицијата употребила и солзавец за да се растера толпата. Демонстрантите поставија повеќе од 50 шатори за долготрајни демонстрации, поттикнати од обвинувањата за вкоренета корупција во украинската власт.
Руската државна новинска агенција ТАСС јави дека кампот бил нападнат од украинските специјални сили.Пред Парламентот денеска претпладне останале околу 500 лица, откако на вчерашниот протест против корупцијата, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите побараа формирање на специјален суд кој ќе биде задолжен само за справување со корупцијата и повика пратениците во Димата да немаат имунитет од кривично гонење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст