| четврток, 6 декември 2018 |

Теракотни икони од Виница на светска изложба во музејот Ашмолијан

Девет теракотни релјефни икони од Виница ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која денеска ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд.

Тие се уникатен споменичен вид и дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија.  Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот.

Теракотните икони се откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи биле предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн дијапазон и од сите верски, историски и културни аспекти, со оглед на специфичната формулација на нивниот иконографски и верски концепт.

Изложбата „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ во оксфордскиот музеј ќе биде отворена за посетители од 19 октомври до 18 февруари 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top