Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама. На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека е за отворена соработка со Република Албанија базирана на принципиелна основа. Во таа насока не помагаат различните документи како што е Тиранската Платформа која, како по формата во која беше промовирана, така и во својата суштина нема да допринесе за развивање на пријателство базирано на искрени основи меѓу двете држави, и може да има негативен ефект во однос на меѓусебниот соживот во Република Македонија, истакна Груевски, соопштуваат од партијата.
Груевски истакна дека добрите односи меѓу двете држави кои треба да се развиваат ќе придонесат за релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст