Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата и приведе уште пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи за време на насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава.
– Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик, велат од скопското Обвинителство.
Петте лица, како што подочуваат од Обвинителството, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.
Претходно, ОЈО на 10 мај годинава поведе истрага за две лица, татко и син, за кои е утврдено дека учествувале во нападот врз Села на 27 април. На двајцата тогаш им беше одредена мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст